Vinkmag ad

(ВИДЕО) 33 ГОДИНИ ОД НАТПРЕВАРОТ ВО КРАЊ – КОГА ПРВ ПАТ ОДЕКНА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА

Пред точно 33 години, Македонската фудбалска репрезентација го одигра својот прв натпревар. 13 октомври и Крањ, Словенија се со златни букви запишани во сеќавањата на сите спортски љубители во Македонија. За прв пат на фудбалски натпревар на репрезентацијата се слушна Македонската химна, а играчите моментот го претворија во голема победа 1:4, за уште подобра слика на историскиот ден.

Дарко Панчев капитен, селектор Андон Дончевски, а во тимот Илија Најдоски, Бобан Бабунски Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Чедомир Јаневски, Зоран Јовановски, Љупчо Марковски, Драган Канатларовски, Тони Мицевски, Зоран Бошковски

Доаѓа третата минута, Панчев уфрли, Зоран Бошковски Чоко влегува вго легендите, прв стрелец за Македонија.

Во листата стрелци се запишаа и Дарко Панчев, Чеде Јаневски и Драган Канатларовски 51.минута.

Читај Претходна

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВ ТАНДЕМ БРАЌА КОЈ ЌЕ НОСИ УСПЕСИ – ПОСТАРИОТ БРАТ ОРГАНИЗИРАШЕ ПРЕЧЕК ЗА ПОМЛАДИОТ

Читај Следна

МАТЕЈ ГАШТАРОВ ДОМИНИРА ВО СРБИЈА – ПОВТОРНО ВО ТИМОТ НА КОЛОТО