МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
По само неколку дена од почетокот на подготовките за Европското првенство 2026 година, македонската ракометна репрезентација се соочи со неочекуван проблем. На еден од тренинзите се повреди Валентин Карасманакис, кој заработи скршеница на прстот од раката.
Пикерот на Алкалоид по извршените лекарски прегледи ќе мора да паузира околу четири недели, период кој практично го исклучува од комбинација за настап на континенталниот шампионат.
Селекторот Кирил Лазаров реагираше веднаш и на негово место го повика искусниот Никола Маркоски, кој досега беше дел од резервниот список.
Македонската селекција утре ќе отпатува за Пореч, каде на 28 декември ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Хрватска.
На Европското првенство, Македонија ќе ја отвори групната фаза на 16 јануари со дуел против Данска, два дена подоцна ќе следи натпреварот со Португалија, додека последниот противник во групата ќе биде селекцијата на Романија.

