Спортската историја на Македонија од денес е побогата за СВЕТСКИ ШАМПИОН, и тоа во името на Марко Џорлев кој стана светски кадетски шампион во Карате, категорија -63 килограми.
Марко Џорлев – Алехандро Перез (Куба) 10-6
Марко Џорлев – Хозе Андрес Гарсија (Гвајана) 6-1
Марко Џорлев – Леонс Акоповс (Латвија) 6-0
Полуфинале
Марко Џорлев – Јан Мата (Панама) 8-0
Финале
Марко Џорлев – Адам Баги (Унгарија) 4-1
Џорлев на патот до титулaта супериорнo ги порази сите противници и заслужено се искачи на врвот. Момент на гордост за Марко, неговиот роден Штип но и цела Македонија беше доделувањето на медалите и интонирањето на Македонската химна.

