Vinkmag ad

(ВИДЕО) НЕНО ПОГОДУВА ОД СЕКАКВА ПОЗИЦИЈА – АРИС РЕДИ ПОБЕДИ

Продолжува одличната форма на Ненад Димитријевиќ во новиот тим Арис, и во третиот наптревар од Еврокупот, македонскиот плејмејкер беше еден од најдобрите во новата победа. За 24 минути на теренот, Нено запиша 15 поени и по 4 скока и асистенции. Неговиот тим Арис, славеше убедлива победа против Тортона, 88:68, за сигурни 3/3 на стартот на сезоната

Димтиријевиќ погодовуаше од различни ситуации, а особено впечатлив беше неговиот продор, кога преку двајца играчи, под фаул реализираше. Истото се најде во најдобрите потези и според Еврокупот

Погодуваше и за три, а навивачите на Арис се презадоволни од новиот плејмејер во тимот на Спанулис.

Димитиријевиќ во воведните три кола има 15 поени во просек, надополнето со 4.7 асистенции и 3.3 скока за 23 минути по натпревар

Читај Претходна

(ВИДЕО) СЛАВЕН БЕЛУПО МУ ПОСВЕТИ ВИДЕО НА НЕСТОРОВСКИ: МАЈСТОР ОСТАНУВА МАЈСТОР, А КЛАСАТА Е ВЕЧНА