Vinkmag ad

ЕВРОПСКО ДЕБИ И ВЕДНАШ АСИСТЕНЦИЈА ЗА ГАШТАРОВ

Продолжува одличната форма на Матеј Гаштаров во Црвена Звезда. Вечерва во Лугано, Гаштаров се најде во почетниот состав на тренерот Ријера, што беше и негово Европско деби. Уште во првиот дел, Гаштаров се запиша во листата асистенти откако одлично го пронајде Елшник кој реализираше за 1:1. Гостите од Белград имаа и предност од 1:2 но на крајот Лугано се врати и славеше голема победа 3:2.

Гаштаров беше одличен во текот на целиот натпревар, а истото може да се види и според оценката, трет најдобро оценет играч во Звезда. Зад своето име има 95% успешни додавања, дури 100 допири, 12 додавања во зоната на шут, 5 пати расчисти опасност по голот и пресече 3 додавања

Во редовите на домаќинот во игра влезе и Алиоски кој ги одигра последните 10 минути и беше дел од пресвртот на неговиот тим.

Читај Претходна

(ВИДЕО) НЕНО ПОГОДУВА ОД СЕКАКВА ПОЗИЦИЈА – АРИС РЕДИ ПОБЕДИ