Успешен старт на европската сезона за РК Алкалоид во Европскиот Куп. Освојувачот од 2024, РК Алкалоид по пауза од една година повторно се врати во ова натпреварување и тоа со победа.
Избраниците на Кирил Лазаров беа убедливи на домашен терен во Автокоманда и со 31:22 го совладаа тимот на Келаг Ферлах од Австрија (31:22)
Прв стрелец во екипата на Алкалоид беше Марко Митев со седум гола, пред Никола Костески со шест гола, додека пак Торднарсон имаше 5. Одличне на голот беше Иван Галевски со 10 интервенции.
Реваншот во Виена се игра следната недела.

