(ВИДЕО) НЕНО ПОГОДУВА ОД СЕКАКВА ПОЗИЦИЈА – АРИС РЕДИ ПОБЕДИ
Кучето кое истрча на теренот и накратко го прекина натпреварот меѓу Македонија и Шкотска стана една од најсимпатичните приказни по фудбалската пресметка во Скопје.
Шкотските навивачи веќе открија повеќе детали за неочекуваниот „гостин“ на тревникот. Станува збор за куче по име Гаја, старо околу две години, кое пред почетокот на натпреварот било забележано во близина на трибините, а подоцна успеало да влезе и на теренот.
Нејзиното појавување предизвика симпатии кај публиката, а приказната не завршила со последниот судиски свиреж.
Од навивачката група „The Tartan Army“ објавија дека сопственичката на „Нано Бар“, локал во кој престојувале голем број шкотски навивачи за време на посетата на Скопје, побарала нивна помош за Гаја да добие постојан и топол дом.
Идејата е кучето да биде вдомено во Шкотска, а шкотските навивачи најавуваат дека заедно со македонските поддржувачи би можеле да организираат и собирање средства за трошоците потребни за нејзиното префрлање.

