(ВИДЕО) СЛАВЕН БЕЛУПО МУ ПОСВЕТИ ВИДЕО НА НЕСТОРОВСКИ: МАЈСТОР ОСТАНУВА МАЈСТОР, А КЛАСАТА Е ВЕЧНА
Македонскиот интеренационалец во Славен БелупоИлија Несторовски и понатаму е страв и трепет за противничките голманин. НесторГол повторно блесна и со два гола го водеше Славен до голема победа над Ријека(4-1)
При резултат 2-1, во 59-тата минута Славен Белупо повлече контра, Митровиќ ја врати топката до НЕсторовски, кој од 20 метри со лева, го остави немоќен противничкиот голман.
Само неколку минути подоцна во 64-тата минута, при една мешаница во противничкиот шеснаесетник, топката се одби од конструкцијата на голот, најснаодлив беше повторно Нестровски и ја смести топката во мрежата.
По 10 одиграни кола, НесторГол е втор стрелец во хрватскиот шампионат со седум гола.

