Vinkmag ad

ШОШКИЌ ОДНОВО ФАНТАСТИЧЕН ВО ДРЕСОТ НА СТОНИ БРУК (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Андреј Шошкиќ, продолжува со фантастичните партии во НЦАА, откако во најновиот меч за Стони Брук реализираше 18 поени.

Шошкиќ шутираше фантастично за три поени,  погоди четири тројки од шест обиди, а неговата одлична партија ја надополни и со седум скокови. Важно е да се истакне дека Шошкиќ одигра феноменално во финишот од натпреварот, кога реализираше 10 поени во последните 2 минути, иако ниту тоа не беше доволно Стони Брук да избегне пораз на натпреварот.

Стони Брук и Шошкиќ веќе утре ги очекува нов натпревар во НЦАА, а очекуваме македонскиот интернационалец одново да блесне на паркетот во САД.

Читај Претходна

ДИМИТРИЈЕВИЌ ПОВТОРНО ДВОЦИФРЕН – ПЕШИЌ ГО ПРЕПОРОДИ БАЕРН

Читај Следна

ХИСЕЈИНИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА ИГРАЧИ ЗА НАТПРЕВАРИТЕ СО АВСТРИЈА