Vinkmag ad

(ВИДЕО) ГАШТАРОВ СПАСУВА ЧИСТ ГОЛ – ТРЕНЕРОТ СО ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ ЗА МАКЕДОНЕЦОТ

Големата надеж на Македонскиот фудбал и Црвена Звезда, Матеј Гаштаров вчера одигра перфектни 90 минути во дресот на српскиот шампион. .

Поради обврските во европските натпреварувања, тренерот Алберт Риера направи неколку промени во составот, па на терен од првата минута се најде и македонскиот младински репрезентативец Матеј Гаштаров.
Нашиот репрезентативец натпреварот го започна во одбраната но во текот на натпреварот се префрлаше и во везниот ред, неговата природна позиција, одговарајќи подеднакво добро на сите делови од теренот.

Особено впечатлива беше неговата интервенција до гол линијата кога спречи чист гол на Чукарички.

Пофални зборови за Гашатров пристигнуваат од сите страни а исклучително задовлен беше и новиот тренер на Звезда, Риера.

„За мене Гаштаров одржа вистински мастерклас. Веројатно внимателно гледал како Круниќ игра на таа позиција, како се брани како стопер и како прави вишок во средината како „шестка“. Ако на некој треба посебно да му честитам, тоа е Гаштаров. Младите играчи многу брзо ги сфаќаат идеите и тоа ме чини исклучително среќен“, рече Риера.

Гашатров имаше одличен подготвителен период во првиот тим на Звезда и се очекува оваа година да добива многу поголема минутажа.

Читај Претходна

(ВИДЕО) ОМЕРАГИЌ: НОВА СЕЗОНА – ИСТ РИТАМ, ДОНИРАНИ 1740 ТОПКИ НИЗ ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ

Читај Следна

ЃОРЧЕСКА ДЕНЕС ГИ ПОЧНУВА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА УС ОПЕН, ЕВЕ КАДЕ ДА ГЛЕДАТЕ