БОРЕЊЕТО И ГИ ДОНЕСЕ ПРВИТЕ МЕДАЛИ НА МАКЕДОНИЈА НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ
Македонија денес и официјално ги обезбеди првите медали на Медитеранските игри во Таранто. Сите три медали, се во борење, од кои Фати Вејсели и Реџеп Хајдари сребро, додека Ахмад Магомедов се закити со бронзен медал.
Двајца наши борачи настапија во финалето, каде беа поразени.
Прв на борилиштет беше Вејсели, кој во финалето во категоријата до 74 килограми се бореше против Албанецот Ислам Дудадев. Албанскиот борач беше подобар со 4:0
Настап во финале и сребрен медал освои и Реџеп Хајдари во категоријата до 97 килограми. Тој во финалето со 6:0 загуби од Гркот Даурен Куруглиев.
Победнички до бронзен медал стигна Ахмад Магомедов, кој во борбата за бронзениот медал во категоријата до 86 килограми со убедливи 10:0 го прегази домашниот борач,Италијанецот Габриеле Николини.

