ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Манчестер Сити и Челзи одиграа нерешено 1:1 на „Етихад“ во рамки на 20. коло од Премиер лигата, во натпревар кој понуди многу возбудувања и драматична завршница.
Домашниот тим имаше поголема иницијатива во првото полувреме и тоа го искористи во 42. минута, кога Тијани Рејндерс ја затресе мрежата на Роберт Санчез по грешка во одбраната на Челзи. Сити создаде уште неколку опасни ситуации, но не успеа да ја зголеми предноста.
Во продолжението Челзи заигра поофанзивно и постепено ја презеде контролата, додека Манчестер Сити се соочи со проблеми поради повредите на Гвардиол и Рубен Диаз. Гостите беа упорни и тоа им се исплатеше во третата минута од судиското надополнување, кога по центаршут на Мало Густо, Енцо Фернандез погоди за конечни 1:1.
Освоениот бод е значаен за Челзи, додека ремито му оди во прилог и на Арсенал, кој останува со бодовна предност на врвот на табелата пред тимот на Пеп Гвардиола.

