(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Масар Омерагиќ, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, се сретна со Влатко Андоновски, еден од најпочитуваните македонски тренери што кариерата ја изгради надвор од земјава. Андоновски, кој остави силен печат како селектор на женската репрезентација на САД, имаше конструктивен разговор со првиот човек на ФФМ на повеќе актуелни фудбалски теми.
Во пријателска атмосфера, средбата беше заокружена со симболична размена на дресови од Македонија и Канзас.
„Драга средба со Влатко Андоновски, поранешниот селектор на женската селекција на Соединетите Американски Држави и тренер во Канзас. Секогаш е убаво кога со наши успешни луѓе споделуваме размислувања за играта што нè направи тоа што сме.
Се надевам следната средба ќе биде во „неговиот“ Канзас, каде фудбалот ќе звучи малку поинаку, ама ќе го чувствуваме исто. ФИФА Светско првенство 2026…продолжуваме, веруваме“, напиша Омерагиќ на социјалните мрежи.

