ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Јануари – студениот месец кога ракометарите ги топлат нашите срца. Веќе 15-та година по ред, Македонија во јануари игра на големо натпреварување (Европско или Светско). Импресивен успех кој го имаат само неколку врвни репрезентации во светот.
Додека сите празнуваат и одмораат, македонските ракометари во овие денови напорно тренираат. Секој јануари тие се нашите спортски херои и тоа треба да го цениме и почитуваме. Очекувањата секогаш се големи, но самиот факт што можеме да ја гледаме Македонија како учесник на најсилните турнири, е веќе причина за гордост.
Пред да напишеме фрустрирачки навредлив коментар кон националниот тим, по некој евентуален пораз, да се потсетиме дека за Бадник и Божиќ тие се во сала, наместо со своите семејства, и дека секогаш даваат повеќе од 100% за Македонија.
И овај јануари во Хернинг, ќе се веe македонско знаме, како и сите 14 години претходно.
ТОА Е НАЈГОЛЕМАТА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ И МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ!

