Кадетската машка ракометна репрезентација на Македонија ја растури Црна Гора на првиот од двата предвидени приајтелски натпревари.
Во салата „Јане Сандански“ во Скопје, избраниците на Горан Кузманоски одиграа одличен меч и ја надиграа противничката селекција со резултат 36:21, демонстрирајќи сигурна игра во сите сегменти.
Македонските кадети нема долго да одмораат, бидејќи веќе денес ги очекува нов тест против истиот ривал. Вториот пријателски дуел е закажан за 12:00 часот, повторно во Скопје, каде младите ракометари ќе имаат уште една можност да го потврдат добриот впечаток.

