МИЛЕНКОСКИ: УКРАИНА Е ТОП 10 ВО СВЕТОТ, НИЕ ЌЕ ПРОБАМЕ ДА ЈА ИГРАМЕ НАШАТА ИГРА
Македонската одбојкарска репрезентација денес го игра вториот натпревар од групаната фаза на Европското првенство 2026 во Софија против репрезентацијата на Украина.
Украина важи за исклучително силна репрезентација која има високи амбиции на овој шампионат. За квалитетите на противникот зборуваше и селекторот Јошко Милекоски
„Украина е уште еден од фаворитите во нашата групна, репрезентација која е меѓу топ-10 во светот. Таа е составена од многу ѕвезди, предводени од најголема ѕвезда Плотницки, кој има многу силен сервис. Анализите се направени, направени се и последните подготовки и рецептот треба да биде ист како против Бугарија. Да ја играме нашата игра, да не се оптоваруваме со името на противникот, тоа ќе ни овозможи еден добар натпревар, кој го очекуваме сите“ – Јошко Миленкоски.
Македонија првенството го започна со максимален пораз од Бугарија со 3:0, а Украина го совлада Израел со 3:1.
Натпреварот почнува во 15:00 часот, а пренос ќе има на Арена М1 Премиум, за оние кои немаат Арена, ќе можат да следат на следниот линк: https://livetv.sx/eventinfo/399181403_ukraina_severnaa_makedonia/

