Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов повторно се најде во центарот на вниманието во Полска, откако постигна прекрасен погодок во победата на Погон Шчечин од 2-0 против Виечиста Краков.
Резултатот беше непроменет сè до 59. минута, кога Чурлинов со индивидуална мајсторија ја отклучи противничката одбрана. Македонецот најпрво со одличен дриблинг се ослободи од својот чувар, а потоа испрати силен и прецизен удар под пречката за водство од 1-0.
Pogoń Szczecin 1-0 Wieczysta Kraków – Darko Čurlinov 59′ (Ekstraklasa)
byПогон во финишот постигна уште еден погодок и ја потврди победата од 2-0, а Чурлинов со својот настап уште еднаш покажа дека може да биде важен фактор во офанзивата на полскиот тим.
За македонскиот фудбалер ова беше втор погодок по неговиот трансфер во Полска.

