Регионалната кошаркарска Аба Лига на голема Гала Вечер прослави 25 години постоење. На свеченоста беа додели повеќе признанија. Во знак на бројот 25, беа избрани и 25 најдобри играчи кои биле дел од АБА Лигата.

Изненадувачки и помалку разочарувачки е што на него ги нема имињата на Тодор Гечевски и Перо Антиќ.
Гечевски имаше импозантна кариера во АБА лигата и во дресот на Задар и потоа во МЗТ и долги години беше лидер на листата со најмногу скокови (1314) и индекс поени (3212). Во меѓувреме дури 10 години по неговото повлекување, Ален Омиќ го помина по скокови а Гордиќ по индекс на поени.
Перо Антиќ пак од другата страна е легенда на Црвена Звезда, кошаркар кој со успех играше во НБА, освои три титули во Евролигата и беше повеќе од очекувано да се најде на овој список.
Единствен Македонски репрезентатавице на листата е најдобриот натурализиран играч, Лестер Бо Мекејлеб – кој доминираше во АБА лигата во дресот на Партизан.

