Vinkmag ad

АЛКАЛОИД СТАНА КОШМАР ЗА ЛОВЌЕН – ПОВТОРНО ГО НАПОЛНИ ГОЛОТ НА ПРОТИВНИКОТ

Избраниците на Кирил Лазаров во три дена, два пати го победија тимот на Ловќен, овој пат на гостински терен со 29:40. Алкалоид уште од самиот почеток навести дека повторно ќе се прашува за се во натпреварот, па поведе со 4:1 во воведните минути. До крајот на полувремето, домаќините успееја да се вратат и на пауза да заминат со 18:18.

Ловќен отвори со гол за 19:18 па неизвесноста траеше до 40 минута, кога нашиот претставник нагази и почна да се одлепува, и со серија од 6:0 навести нова победа. До крајот на натпреварот разликата само растеше, за на крајот Митев на пет секунди до крајот да ги постави конечните 29:40.

Вечерва прво име во тимот на Алаклоид беше репрезентативецот Иван Џонов кој броеше до 8, го следеше Марко Митев со 6, додека пак Дамјан Митев и Костески запишаа по пет

Во два натпревари, за само три дена Алаклоид на противникот му даде 95 погодоци, а прими 66.

Читај Претходна

ПЕЛИСТЕР ОСТАНУВА МАКСИМАЛЕН ВО РЕГИОНАЛНАТА ЛИГА

Читај Следна

(ВИДЕО) ПРВОТО ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ – ТАРАНТО 2026