НЕПРАВДА КОН ГЕЧЕВСКИ И АНТИЌ – АБА ЛИГАТА ГИ “ЗАБОРАВИ” ВО СПИСОКОТ 25 НАЈДОБРИ
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја продолжија победничката серија во Регионалната Лига и денес запишаа уште една победа, овој пат против Дубочица со 38:24. Избраниците на Лино Червар на домашен терен беа целосно доминантен противник и заслужено дојдоа до три од три во новото натперварување.
Гостите беа подобри единствено во воведните 15 минути, а на моменти имаа и +3, но потоа Пелистерци се разбудија и водени од Атанасијевиќ и Кузмановски направија пресврт за 18:13 на полувреме. Во вториот дел само ја зголемуваа предноста, а гостите нема одговор, па на крајот загубија со 14 голови разлика.
Прво име во Пелистер беше Петар Атанасијевиќ со 11 погодоци. Повторно феноменален беше капитенот Кузмановски кој запиша осум.

