Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер преку видео ги израдува своите навивачи и го потврди најголемото засилување – останувањето на капитенот на тимот Филип Кузмановски.
Миленикот на навивачите на Пелистер, популарниот Фитиљ останува во Битола и следната сезона, откако потпиша продолжување на соработката со „зелено-белите“. Кузмановски повторно ќе соработува со Лино Червар, а според сите информации токму Хрватот го убедил Фитиљ да остане во Битола и следната сезона.

