Претседателот на Фудбалската Федерација на МАкедонија, Масар Омерагиќ, во објава на социјалните мрежи ги повика навивачите да веруваат во репрезентативниот дрес и да бидат поддршка во поразите. Посочи дека федерацијата останува посветена на работата и создавање идеални услови за работа.
Едно поглавје останува зад нас, сега сме пред нов предизвик.
Македонската репрезентација не е само резултат. Тоа е чувство, припадност и гордост. Затоа, кога победуваме, да останеме приземни, а кога губиме, да останеме силни.
Вредноста на оваа репрезентација не смее да зависи од еден резултат. Ова е наше.
И кога победуваме и кога губиме.
Поддршката не е аплауз само за победа, туку карактер во пораз.
Ние, како федерација создаваме услови во кои селекторот и фудбалерите имаат фокус да работат. Ќе направиме сè што треба, за тие да мислат само на играта, а ние на нив.
Останува најважното, да бидеме заедно.
Затоа што ова не е само тим. Ова сме ние. – Напиша Омерагиќ на фејзбук