Vinkmag ad

Избрани најдобрите во „Лига системот“ на Македонското Таеквондо

Македонската Таеквондо Федерација уште еднаш покажа дека успехот не е случаен, туку резултат на јасна визија, системска работа и долгорочна стратегија. Со свечениот настан „Најдобрите во лига системот на МТФ за 2025 година“, федерацијата ја заокружи една исклучително успешна сезона и ги награди најистакнатите поединци и клубови.

Посебен акцент беше ставен и на историскиот олимписки успех на Дејан Георгиевски, кој ќе биде овековечен преку документарен филм во продукција на Македонската телевизија. Филмот ќе го прикаже патот до олимпискиот врв и ќе остане траен запис за идните генерации спортисти.

Добитници на признанија во лига системот на МТФ за 2025 година:

Најуспешни клубови:
Таеквондо клуб „Бутел“
Таеквондо клуб „Корио“
Таеквондо клуб „Феникс Кик“

Индивидуални признанија:

За најголем спортски успех во олимписко таеквондо: Филип Блажевски

Најдобар тренер: Викторија Спасовска

Најдобро организиран турнир: Таеквондо клуб „Корио“

Најдобар судија: Ирена Гроздановска

Признанија за особен придонес во лига системот 2025: Андреј Василевски, Ведрана Тунеска, Христијан Симоновски, Ненад Ќелевски, Душица Бреслиева и Мартина Наумовска.

Со оваа завршница, Македонската Таеквондо Федерација испраќа јасна порака – системот функционира, резултатите се видливи, а олимписките амбиции остануваат реална цел.

Читај Претходна

КАРАСМАНАКИС ПОРАДИ ПОВРЕДА ОТПАДНА ОД ЕП, ЛАЗАРОВ ПОВИКА НОВ ИГРАЧ

Читај Следна

ЃОРЧЕСКА ЌЕ УЧЕСТВУВА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН