Vinkmag ad

ПРЕКРАСЕН ГЕСТ: ПОГЛЕДНЕТЕ ЗОШТО РАФИЊА Е ГОЛЕМ ЧОВЕК (ВИДЕО)

Уште еден доказ дека Бразилецот Рафиња е голем човек. Иако мнозина сметаат дека крилниот напаѓач на Барселона беше неправедно изоставен од идеалната единаесетка на ФИФА за минатата сезона – во која тој беше еден од клучните фактори за успесите на Каталонците – Бразилецот не дозволи тоа да му го наруши божиќното расположение.

Во пресрет на големиот христијански празник, 29-годишникот се врати во својот роден град Порто Алегре и им помогна на луѓето во потреба. Тој поделил бројни пакети со храна и подароци на сиромашните, покажувајќи дека не заборавил од каде доаѓа и инспирирајќи ги своите сограѓани и навивачи.

Читај Претходна

НАЈДОБРИОТ ФУДБАЛЕР ЈА НАПУШТА ШКЕНДИЈА?

Читај Следна

МОЌНА ПОБЕДА НА ТФТ ВО БАЊА ЛУКА