(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Шкендија Арачиново започна со конкретни потези во зимскиот преоден рок. Клубот официјално го потврди ангажманот на Владимир Жоглев, кој ќе ја засили офанзивната линија во продолжението од сезоната.
Арачиновци есенскиот дел од шампионатот го завршија на втората позиција во Втората лига и не ја кријат желбата за чекор повеќе. Токму во таа насока доаѓа и ангажманот на Жоглев, кој во клубот пристигнува од Осогово.
Во Шкендија веруваат дека со неговото доаѓање добиваат напаѓач кој може да направи разлика во клучните натпревари и да помогне во остварувањето на амбициозните цели оваа пролет.

