Vinkmag ad

„ХЕТ ТРИК“ НА МЛАДИОТ ГАРСИЈА, РЕАЛ ГО ДЕКЛАСИРАШЕ БЕТИС

Талентираниот Гонсало Гарсија го искористи отсуството на Килијан Мбапе и со три гола го предводеше Реал Мадрид до убедлива победа од 5:1 против Бетис во Ла Лига.

21-годишниот Гарсија го отвори резултатот во 20. минута, зголеми на 2:0 во 50. минута, а Асенсио брзо го потврди водството само шест минути подоцна.

Во продолжението на натпреварот, двете екипи постигнаа по еден погодок – најпрвин Ернандес за Бетис, а потоа Гарсија повторно за Реал, комплетирајќи го својот прв хет-трик во дресот на мадридскиот тим. Финалниот гол го постигна Фран Гарсија во судиското надополнување за конечни 5:1.

Со оваа победа, Реал останува на четири бода зад лидерот Барселона.

Головите може да ги видите тука

Читај Претходна

ШОКАНТНА ИСПОВЕСТ НА ЏОН ТЕРИ: МИ ДОАЃАШЕ ДА СЕ УБИЈАМ – ПОСЛЕ ПРОМАШЕНИОТ ПЕНАЛ

Читај Следна

ПСЖ СЛАВЕШЕ ПРОТИВ ПАРИЗ