МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Четири лица се уапсени поради сомневање дека физички нападнале грчки натпреварувач и членови на неговиот тим по кик-бокс меч во српскиот град Нови Пазар.
Приведените се на возраст од 28 до 52 години, а српската полиција издаде и потерница по уште четири лица на возраст од 28 до 33 години, кои сè уште се во бегство.
„Идентификацијата на останатите учесници е во тек, а јавноста ќе биде навремено известена“, соопшти Обвинителството во Нови Пазар.
Според информациите од српските медиуми, инцидентот се случил во неделата навечер, кога голема група луѓе нападнала грчки кикбоксер и неговиот тим откако тој победил против локален натпреварувач од Нови Пазар.

