МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Шкендија го официјализира ангажманот на дефанзивниот играч за врска, Дрилон Ислами, кој се смета за едно од најзначајните засилувања во зимскиот преоден рок.
25-годишниот Ислами до неодамна настапуваше за романски Клуж, а претходно го носеше дресот на неколку клубови од Косово, меѓу кои Приштина, Феризај и Дрита. Фудбалерот првично беше блиску до премин во косовскиот шампион Балкани, но договорот на крајот не беше финализиран.
Откако пропадна таа опција, Шкендија веднаш се активираше и стапи во преговори со играчот. Во краток рок, двете страни постигнаа договор, а Ислами стави потпис и официјално се приклучи на тетовскиот тим.
Со неговиот ангажман, Шкендија добива силно засилување за средниот ред, кое ќе ја подигне квалитетната линија на тимот и ќе ја зацврсти конкуренцијата во составот

