Македонската ракометна легенда, КИРИЛ ЛАЗАРОВ, ќе биде селектор на Македонија најмалку уште три години, откако Ракометната федерација на Македонија (РФМ) му го продолжи договорот.
Договорот на Лазаров истекуваше летово, а сеге продолжен на уште три години и тој ќе ја води Македонија до 2029.
Македонската ракометна репрезентација, предводена од Кирил Лазаров, континуирано настапува на Европските и Светските првенства. Селекцијата помина низ сериозен процес на подмладување, а стилот на игра е ориентиран кон модерниот ракомет што го негуваат најсилните светски селекции. Во тој контекст, одлуката на РФМ ја оценуваме како исклучително позитивна и насочена кон понатамошен развој и напредок на македонскиот репрезентативен ракомет