Vinkmag ad

МАКЕДОНИЈА СО ПРЕСВРТ ПОБЕДА ПРОТИВ УКРАИНА НА „ЖОЛТИОТ КУП“

FOTO BABA

Македонската ракометна репрезентација вечерва триумфира против Украина со 31-26 на „Жолтиот Куп“ во Винтертур и така ја оствари втората победа на турнирот.

Украинскиот голман беше одличен во првото полувреме и со тоа им помогна на неговите сонародници да го добијат првото полувреме со 17-13.

Македонските ракометари се разбудија во второто полувреме во кое доминираа на теренот и набрзо стигнаа до предност од 19-18, а посебно импресивен на стартот на вториот дел беше Иван Галевски, кој запиша дури пет интервенции по ред. Потоа Македонија ја презема целосно контролата и до крајот запиша убедлива победа од 31-26.

Избраниците на селекторот Кире Лазаров утре ќе се соочат против Швајцарија од 18 часот во последниот меч од „Жолтиот куп“.

Читај Претходна

ЃОРЃИЕВ: ЗНАМ ДЕКА МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ МНОГУ ПОДОБРИ

Читај Следна

РИСТО ШИЦ ЌЕ ПАТУВА СО ФАЛАНГАТА ВО ДАНСКА, ДА ЈА БОДРИ МАКЕДОНИЈА НА ЕП (ВИДЕО)