Vinkmag ad

ПОЕНОТ ЗА ИСТОРИЈА НА ЛИНА ЃОРЧЕСКА (ВИДЕО)

Лина Ѓорческа е првата македонска тенисерка која успеа да стигне до главната фаза на еден Гренд слем турнир. Ѓорческа тоа го направи откако денеска го мина третото квалификациско коло на Вимблдон и тоа со фуриозна победа против Италијанката Лусија Бронзети со 6-1, 6-2. По последниот освоен поен следуваше силен крик на Лина, кој најдобро покажа колку многу ѝ значи овој историски успех.

По две децении напорна работа, безброј жртви и илјадници часови поминати на тениските терени, сонот конечно стана реалност. Ѓорческа не само што испиша историја за македонскиот тенис, туку докажа дека со упорност и верба може да се стигне до најголемата светска сцена.

Читај Претходна

(ВИДЕО) МАТЕЈ ГАШТАРОВ СТРЕЛЕЦ ЗА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА НА ПОДГОТВИТЕЛЕН НАТПРЕВАР