Vinkmag ad

ГАЛЕВСКИ: МОЕ Е ДА МУ ПОМОГНАМ НА ТИМОТ, НЕ Е ВАЖНО ДАЛИ ЌЕ ДОБИЈАМ ПЕТ, ДЕСЕТ ИЛИ ПОВЕЌЕ МИНУТИ – ДАВАМ МАКСИМУМ!!

Македонската ракометна репрезентација, ја запиша и втората победа на Жолтиот Куп во Швајцарија, откако во вториот натпревар ја совлада Украина со 31:26. Избаниците на Кирил Лазаров се мачеа во првото полувреме кога противникот имаше +4 на паузата. Во вториот дел изгледавме многу подобро, особено во одбраната а се чини клучен фактор за тоа беше младиот голман Иван Галевски кој во само неколку минути откако доби шанса, со неколку одбрани го предводеше нашиот тим до голем пресврт.

По натпреварот, Галевски беше задоволен од својот перформалнс, истакнувајќи дека тој е секогаш спремен да помогне да тимот, и затоа не е важно дали ќе игра пет, десет или повеќе минути – секогаш го дава максимумот.

,,Имавме осцилации во играта, но тоа е нормално во ваков турнирски систем на натпревари. Ова ќе ни помогне многу, бидејќи истото нè очекува и на Европското првенство. Ова е добра увертира за што подобро да се подготвиме, да ги анализираме нашите недостатоци и оваа победа ни значи многу за самодовербата која ни е потребна пред мечот со Швајцарија.

Секогаш може подобро, задоволен сум од својот настап, јас сум тука за да ја искористам секоја шанса што ќе ми биде пружена. Мора да потенцирам и дека голема заслуга за тоа имаат и соиграчите кои што одлично затвораа во одбраната во вториот дел и ми дадоа ветар во грб за да можеме заедно да ја оствариме оваа победа“, рече младиот голман.

Читај Претходна

РИСТО ШИЦ ЌЕ ПАТУВА СО ФАЛАНГАТА ВО ДАНСКА, ДА ЈА БОДРИ МАКЕДОНИЈА НА ЕП (ВИДЕО)

Читај Следна

МАКЕДОНИЈА СО ФУРИОЗНО ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ ЈА СОВЛАДА УКРАИНА!! (26:31)