Vinkmag ad

БАЛОТЕЛИ НЕ СЕ ОТКАЖУВА – ЌЕ ИГРА ВО НОВ КЛУБ

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели, по кратката пауза без клуб повтoрно пронајде ангажман и ќе игра за Ал-Итифак. Балотели пристигна во Обединетите Арапски Емирати, на потпишување на новиот договор а беше и официјално претставен во новиот клуб.
Претходната сезона Балотели беше дел од Џенова каде што не се изнаигра, договорот му беше раскинат поради кавга со тренерот Петрик Виера.

Фудбалскиот пат на Балотели тргна преку Лумецане a како голем талент се пресели во Интер, каде играше одлично под водство на Мурињо и беше дел од генерацијата која заедно со Пандев ги освои сите трофеи. Одличен беше и во Манчестер Сите каде токму со неговата асистенција кон Агуеро, ја освоија долго очекуваната титула во Англија. Во 2013 се пресели во Милан каде две сезони играше одличен фудбал и на 54 натпревари постигна 30 погодоци. Во 2015 година се пресели во Ливерпул каде не успеа да се снајде. Од 2016 Балотели само повремено со блесок во дресот на Ница и потоа во Адана Спор потсетуваше на најдобрите денови но сето тоа беше далеку од потенцијалот кој го имаше Супер Марио.

Како ќе се снајде во Обединетите Арапски Емирати останува да видиме

Читај Претходна

ДЕНВЕР И БЕЗ ЈОКИЌ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА „ГРЧКОТ ЅВЕР“ (ВИДЕО)

Читај Следна

ПОРТУГАЛЦИТЕ ГАЗАТ ПРЕД ЕП – ЈА СОВЛАДАА ШПАНИЈА КАКО ПОТВРДА ДЕКА СЕ ВО ОДЛИЧЕН РИТАМ