Македонија ја очекуваат 2 пеколно тешки натпревари на ЕП во Хернинг. На премиерата против „непобедливата“ Данска (актуелен Олимписки и Светски првак) и во второто коло против суперсилната Португалија, во натпревар каде ќе мора да стегнеме заби и да се обидеме да дојдеме до големо изненадување.
Португалија се наоѓа во извонредна форма пред ЕП, го освои пријателскитот турнир кој се играше во Шпанија и тоа со победа против домаќинот во финалето. (34:31). Претходно Португалците ремизираа со Египет и го декласираа Иран (21 разлика),
Само да потсетиме, оваа селекција ланската година играше полуфинале на Светското првенство и е кристално јасно дека водени од браќата Мартим и Франциско Кошта, во моментов е селекција од највисока класа и веројатно претенд за медал.
Избраниците на Кирил Лзаров не смеат во ниту еден момент однапред да се предадат, но само ако вистински ги толкуваме работите, а во случајот, јасно е дека Португалија, а особено Данска се големи фаворити, може да дојдеме до спортско чудо и големо изненадување.