Vinkmag ad

ДЕНВЕР И БЕЗ ЈОКИЌ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА „ГРЧКОТ ЅВЕР“ (ВИДЕО)

Денвер Нагетс го најде решението за Гркот Јанис Антетокумпо и го победи Милвоки Бакс со 108-104 на домашен терен, иако настапи без Никола Јокиќ и уште неколку клучни играчи. Победата е уште повредна ако се знае дека од стартната петорка играше само Арон Гордон.

Гордон беше одличен со 23 поени и ги погоди клучните слободни фрлања во финишот, додека најефикасен беше Тим Хардавеј Џуниор со 25 поени. Значаен придонес имаше и Пејтон Вотсон, кој неочекувано ја презеде организацијата на нападот и покажа дека може да биде важен адут во отсуство на Јокиќ.

Кај Бакс, Јанис Адетокумбо забележа 31 поен, 11 асистенции и осум скока, но повторно немаше доволна поддршка од соиграчите. Наместо сигурна победа, Милвоки дозволи изненадување во Колорадо.

Денвер сега го очекуваат гостувања кај Њу Орлеанс и Далас, а Јокиќ се очекува да се врати за околу две недели.

Читај Претходна

БАРСЕЛОНА ГО ДОБИ СУПЕРКУП ФИНАЛЕТО ПРОТИВ РЕАЛ МАДРИД (ВИДЕО)

Читај Следна

БАЛОТЕЛИ НЕ СЕ ОТКАЖУВА – ЌЕ ИГРА ВО НОВ КЛУБ