МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Барселона со победа од 3-2 над Реал Мадрид го освои шпанскиот Суперкуп на финалниот натпревар одигран во Џеда, а уште еднаш блесна тимот на Ханси Флик, кој ја продолжи својата неверојатна серија – осум финалиња, осум трофеи.
Големото Ел Класико понуди спектакл уште во првото полувреме, со драма, пресврти и четири погодоци. Каталонците поведоа во 36. минута преку Рафиња, кој ја отвори гол-серијата на натпреварот.
Кога се очекуваше Барса да замине со минимална предност на пауза, следуваше вистинска голеада. Винисиус Жуниор со маестрален соло-продор од центарот израмни на 1-1, но радоста на „кралевите“ беше краткотрајна – Левандовски по асистенција на Педри повторно ја донесе Барселона во водство.
Сепак, Реал успеа уште еднаш да се врати, откако Гонзало Гарсија во судиското продолжение на првиот дел погоди за 2-2.
Одлучувачкиот момент се случи во второто полувреме. Повторно во центарот на вниманието беше Рафиња, чиј удар по мал дефлекција од Асенсио заврши зад грбот на Куртоа за конечни 3-2.
До крајот немаше промена на резултатот, иако тензијата растеше. Барселона остана со играч помалку поради црвениот картон на Де Јонг, кој беше исклучен по остар старт врз Мбапе.
Со оваа победа, Барселона го освои првиот трофеј во сезоната, а Ханси Флик уште еднаш потврди дека знае како се освојуваат финалиња – без пораз, без компромис.

