(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Големо изненадување се случи во Купот на Франција, каде во градоското дерби, Париз – ПСЖ, далеку понепознатиот и на хартија послаб тим, Парз го елиминираше апсолутниот владател во Франција, ѕвездениот тим на ПСЖ. Во градското дерби на „Паркот на принцовите“ тимот на Париз славеше со минимални 0-1 (0-0) и го остави европскиот шампион без можност за куп титула.
Уште поголема важност на победата и дава фактот дека ПСЖ настапи со сите расположиви сили, па на теренот ги немаше само Дембепе, Дуе и Маркињос.
Херој на Париз е Иконе во 74. минута го замолкна „Паркот на принцовите“ и на Париз му донесе огромна победа за голема радост на навивачите кои сите овие години се во сенка на ПСЖ.

