Vinkmag ad

ВРЕМЕ Е ЗА ЕВРОПСКО: МАКЕДОНИЈА ОТВОРА ПРОТИВ ДОМАЌИНОТ ДАНСКА

Македонската ракометна репрезентација вечерва го започнува своето 8. Европско првенство, а вкупно 15-то големо натпреварување, ако се земат во предвид и настапите на Светските првенства.

На премиерата вечерва отвораме против актуелниот Светски и Олимписки првак, првиот фаворит за Европската титула, а воедно и еден од ко-домаќините, репрезентацијата на Данска.

Не треба да се трошат зборови, што ја очекува Македонија вечерва во Хернинг. Данска никогаш не била посилна, поквалитетна, пополетна. Гидсел, Питлик, Расмус Лауге и останатите буквално „летаат по теренот“ и во моментов изгледаат – непобедливо. Данска е апсолутен фаворит, но од друга страна, ова ќе биде одлична можност за македонските ракометари, да видат до каде се во однос на најсилната селекција во светот.

Македонската селекција јасно е дека шансата за пласман понатаму ќе ја бара против силната Португалија и аутсајдерот во групата – Романија, но „црвено-жолтите“ вечерва во Хернинг нема да излезат со бело знаме. Ќе се надигруваат, машки ќе се спротистават, а ќе видиме колку тоа би било оволно за поволен резултат.

Ракометарите како и секогаш, така и сега, нема да бидат сами во Хернинг. Данците ќе бидат бодрени од 15.000 навивачи, но сигурни сме дека ќе бидат надвикани од неколкуте стотици Македонци кои минаа многу километри, за да бидат ветер во грбот на избраниците на Кирил Лазаров.

Дуелот започнува во 20:30, со директен пренос на МРТ.

Момци, СРЕЌНО. ЗА КОГО? ЗА МАКЕДОНИЈА

Читај Претходна

МАЕСТРАЛНА ПАРТИЈА НА ШОШКИЌ – ПОБЕДА НА СТОНИ БРУК

Читај Следна

ФФМ СО ПОДДРШКА ЗА РАКОМЕТАРИТЕ (ФОТО)