Македонската ракометна репрезентација е на само три дена од премиерниот меч против Данска на Европското првенство, каде групната фаза ќе ја играме во Хернинг.
ЕХФ денеска ги делегираше Молдавските браќа, Игор и Алексеј Ковалчиус, кои ќе ја делат правдата на дуелот закажан за 16 јануари.
Данците се апсолутни фаворити на овој натпревар, но се очекува фер и коректна арбитража за нашите момци.

