Единствениот пар Македонски судии кои ќе ја делата правдата на Европското Првенство во Данска, интернационалните ЕХФ судии од Битола, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски првиот натпревар ќе го имаат во Малме.
Македонските арбитри, Митревски и Тодоровски ќе ја делат правдата на дерби натпреварот помеѓу Шведска и Холандија на 17 јануари.
Митревски и Тодоровски за прв пат се делегирани за судии на натпревар од Европско Првенство.
За потсетување тие се единствен македонски судиски пар затоа што ЕХФ, со дискутабилна одлука пред два дена ги тстрани од првенството најдобрите судии во европа Ѓорчи Начевски и Славе Николов.

