(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, по голема борба е поразена од словенечката тенисерка Зиданшек со 2-1 (6:4 2:6 5-7)
Дуелот меѓу Ѓорческа и Зиданшек започна со брз брејк на нашата тенисерка која поведе со 3:1. Сепак, Зиданшек веднаш го врати брејкот и израмни на 3:3. Следуваше нов брејк на Ѓорческа кој беше доволен за освојувањето на првиот сет.
Во вториот сет доминираше тенисерката од Словенија која направи два брејка и го освои сетот со 6:2.
Вистинска драма во одлучувачкиот сет. Лина веднаш направи брејк на стартот, но Зиданшел брзо возврати и израмни на 3-3. Се играше израмнето до 5-5, кога Ѓорческа пропушти брејк топка, Зиданшек успеа да стигне до 6-5 и да направи брејк за конечни 7-5.

