(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
КК Партизан никако не успева да излезе од кризата во која западна уште пред неколку месеци, а по се изгледа не е ни блиску крајот. Вечерва во салата Пионир, домашната екипа доживеа висок пораз од Олимпијакос во салата со 66-104.
Саша Везенков повторно беше најдобар поединец кај Олимпијакос 25 поени и седум скока, одлична вечер имаше и поранешниот играч на Партизан, Никола Милутинов со 12 поени и 7 скока, а по 12 поени имаа Дорси, Хол Питерс и Вокап постигнаа по 12 поени.
Единствена светла точка кај Партизан беше Вашингтон со 28 поени.
Ова е 16 пораз за Партизан и сега црно-белите од Белград се заковани на дното на Евролигата, додека пак Олимпијакос со 13 победи и 8 порази се на шестата позиција

