Vinkmag ad

СТЕФАНОВ: ДОЈДОВМЕ КАКО АУТСАЈДЕРИ, А ПОКАЖАВМЕ КВАЛИТЕТ, МОРА ДА СМЕ ЗАДОВОЛНИ

Претседателот на РФМ, Александар Стефанов е задоволен од прикажаното на Македонската репрезентација. Дојдовме како аутсајдери а покажавме квалитет.

„Мора и треба да бидеме задоволни од тоа што го прикажавме во Данска на ова Европско првенство. Дојдовме како аутсајдери според сите официјални статистики и според букмејкерите, но покажавме дека можеме.

Во силна група, заедно со светскиот и олимписки шампион Данска и селекцијата на Португалија, која го освои четвртото место на последното Европско првенство, успеавме да оствариме едно реми и една победа. Со тоа го завршивме првенството како една од подобрите третопласирани селекции во сите групи и како носители ќе го чекаме поволниот ждреб за Светското првенство.

Сè уште ништо не е завршено. Го чекаме исходот од натпреварот Данска – Португалија, иако за таков расплет би било потребно вистинско чудо, победа со над 17 разлика. Кога ќе го видиме конечниот исход, ќе ги сумираме и конечните впечатоци.

Но, генерално, ова е успешен настап – одигравме машки, храбро и борбено. Против Романија цел меч го имавме резултатот под контрола и стигнавме до исклучително важна победа. Затоа треба да бидеме задоволни – како федерација, како национален тим и како држава“, изјави Стефанов.

Читај Претходна

ЛАЗАРОВ: ВАКОВ ИСХОД ДА МИ ПОНУДЕА ЌЕ ПРИФАТЕВ

Читај Следна

КОСТЕСКИ: ИМАМЕ СВЕТЛА ИДНИНА, ОВОЈ ТИМ НАПРЕДУВА И ТОА ТРЕБА ДА НЕ РАДУВА