(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Јунакот на Македонија на натпреварот против Романија, Ненад Костески кој во последната секунда реализираше за победа, истакна дека овој тим покажува дека напредува. Костески потенцираше дека играчите дадоа максимум за оваа победа и допрва ќе следуваат подобри резултати
„Сите ја имавме желбата и бевме подготвени за овој дуел. Дадовме максимум и мислам дека на крајот сите треба да бидеме среќни и задоволни од прикажаното. Имавме добро првенство, а особено значаен беше големиот бод против Португалија, селекција за која знаеме како котираше на минатото првенство.Натпреварот со Романија го подготвувавме долго време. Се обидовме да одиме на што повисока разлика, но не успеавме – ривалот се врати и тоа е дел од играта.Сепак, генерално треба да бидеме среќни и задоволни. Оваа екипа оди напред“, изјави Ненад Костески.

