Огромно изненадување приреди Португалија во нашата група, совладувајќи го домаќинот Данска со 31:28.
Данска важеше за апсолутен фаворит, дури постоеја математики да изгубат со многу голови за ние да имаме шанси, но Пoртугалците покажаа зошто минатата година играа полуфинале на Светското првенство.
Уште еднаш добивме потврда дека нерешениот против Португалија на нашата репрезентација е голем резултат.

