(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Македонскиот кошаркарски интернационалец, Ненад Димитријевиќ полека влегува во ритам во Баерн и игра се подобро. Во вечерашната победа над Валенсија (97:89) Нено беше во елемент, и за 25 минути постигна 12 поени, запиша 7 асистенции, три скока и една украден топка.
За Баерн ова е девета победа на 24 натпрвари во Евролигата за 15 позиција на табелата.
Пред само три дена, во поразот од Партизан, Димитријевиќ повторно имаше двоцифрен учинок од 10 поени, 2 скока и 2 асистенции.
Од доаѓањето во Баерн, Димитријевиќ на пет натпревари во Евролигата е на просек од 9 поени, 5 асистенции и 2 скока

