Vinkmag ad

НИКОЛА ЃОРЃИЕВ ЌЕ ИГРА ЗА НАЈДОБРИОТ КЛУБ ВО ЧЕШКА

Македонскиот одбојкарски ас и капитен на националниот тим, Никола Ѓоргиев, кариерата ја продолжува во Чешка, откако официјално потпиша договор со екипата на Карловарско. Станува збор за клуб кој моментално доминира во чешката Екстралига и важи за еден од најсериозните кандидати за шампионската титула.

Искусниот коректор зад себе го остава настапот во романскиот Рапид Букурешт, каде што го мина првиот дел од сезоната, а новиот ангажман доаѓа во период кога Карловарско сака дополнително да го зацврсти составот за борбата на домашната и меѓународната сцена.

За 37-годишниот Ѓоргиев ова ќе биде дебитантски настап во чешкото првенство, кое важи за едно од поконкурентните во Европа. Трансферот има и дополнителна тежина, со оглед на тоа што следи во пресрет на настапот на македонската репрезентација на Европското првенство во септември.

„По повеќе од две децении настапи надвор од Македонија, ме очекува ново искуство во Чешка. Голема чест ми е што ќе бидам дел од клуб кој има јасни цели и одлични резултати оваа сезона. Верувам дека заедно ќе продолжиме во ист ритам и ќе се бориме за трофеи“, порача Ѓоргиев по потписот со Карловарско.

Читај Претходна

МАСАР ОМЕРАГИЌ ГО ПОСЕТИ ФК ТИКВЕШ ВО АНТАЛИЈА

Читај Следна

ЉАФТОВ СЕ ВРАЌА ВО ЕВРОПА – ЌЕ ИГРА ВО УНГАРИЈА