(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Ракометарите на Франција со историска офанзивна партија ја забележаа првата победа во главната рунда на Европското првенство, испишувајќи нов рекорд со вкупно 84 гола на еден натпревар. „Триколорите“ во првото полувреме постигнаа 28 погодоци, најмногу за едно полувреме во историјата на ЕП, а во вториот дел додадоа уште 18 за конечни 46:38.
Најефикасен ракометар во францускиот состав беше Дика Мем со осум голови, Фабрегас постигна шест. Кај Португалците по четири гола постигнаа Брандао,Бранкињо,Фраде,Итуриза и Роча.
Со оваа победа Франција има четири бодови, Португалија останува на 2. Во следното коло Франција игра против Шпанија, а Португалија ќе ги одмери силите со Норвешка.

