Македонскиот интернационалец Бојан Миовски се запиша во листата на стрелците во победата на Абердин против Килмарнок (5-1) во првенството на Шкотска.
Репрезентативниот напаѓач погоди фантастично во 58 минута од натпреварот со ефектен шут од 18 метри.
Ова е трет гол за Миовски на последните два негови дуели против Килмарнок, а радува тоа што доби минути во првенството на Шкотска, откако претходно добиваше повеќе минути исклучиво во Купот на Шкотска, каде имаше неколку одлични реализации.

