МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Македонскиот кошаркарски интернационалец, Ненад Димитријевиќ се врати во тимот на Баерн по заслужениот одмор кој го доби на последниот натпревар од Евролигата и учествуваше во уште една победа на Германскиот шампион. Во рамките на 27 коло во Евролигата, тимот на Баерн на домашен терен славеше исклучително важна победа против тимот на Монако 91-82.
Димитријевиќ играше скромни 16 минути но имаше одличен учинок од 11 поени, надополнето со 2 скока и 3 асистенции.
Доаѓањето на Светислав Пешиќ на клупата на Баварците го разбуди германскиот шампион и ова е четврта победа во низа. На 27 одиграни натпревари имаат скор од 12-15 и се наоѓаат на 14 позиција на табелата.
Од доаѓањето во Баерн, Димитријевиќ на седум натпревари во Евролигата е на просек од 10 поени, 4 асистенции и 2 скока за 20 минути по натпревар.

